Научниците со нови сознанија за Ковид-19: „Вирусот многу брзо мутира, треба да се нападне со повеќе лекови одеднаш“

Точка

14/08/2020

17:50

2.907

Големина на фонт

а а а

„Заклучивме дека SARS-CoV2 може многу брзо да мутира за да се прилагоди на условите во кои што се размножува“ - изјавил Лука Чичин-Шаин.

Група хрватски и германски научници објавила ново сознание за коронавирусот од типот SARS-Cov2, во која што меѓу другото, се наведува дека вирусот може многу брзо да мутира, па потребно е да го ''нападнете'' со неколку лекови истовремено, пренесува загрепскиот „Večernji list“.

„Заклучивме дека SARS-CoV2 може многу брзо да мутира за да се прилагоди во условите во кои што се размножува“ - изјавил Лука Чичин-Шаин, вирусен имунолог од Хелмхолк центарот за инфективни извештаи во Брауншвајг, кој што е главниот автор во споменатата студија.


„Кога еднаш ќе биде развиен некој лек и ќе почне неговата широка примена, постои висок ризик вирусот брзо да мутира за да се прилагоди на тој лек.

Поради тоа, адекватните стратегии за борбата против вирусот бараат примена на неколку лекови истовремено, кои што вирусот ќе го погодуваат на неколку места и ќе спречат негова мутација.

Тој принцип ни е познат од терапијата AIDS“ - објаснил Чичин-Шаин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг