Чак Норис со порака до Лукашенко: Ќе те натерам да плачеш

Точка

15/08/2020

17:00

3.288

Големина на фонт

а а а

Славниот американски актер Чак Норис му порачал на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, дека ќе го натера да плаче, пишува "RT".

Во видео обраќањето на Норис до Лукашенко, американскиот актер вели: "Би сакал да ти порачал неколку зборови Саша, попознат како Саша нула проценти или Господин Бубашваба. Добро знаеш дека кога јас сецкам кромид, кромидот плаче. Па, ако не престанеш да го правиш тоа што го правиш, ќе дојдам во една од твоите резиденции и ќе те натерам да плачеш". 

Снимката Норис ја објавил преку сервисот "Камео".

Потсетуваме, протестите во Белорусија не престануваат од неделата, кога на претседателските избори уште еднаш победил Александар Лукашенко. Досега едно лице загинало, а повеќе се повредени.

##https://twitter.com/russian_market/status/1294570294628286464?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг