Турција успешно го тестираше првиот летечки автомобил "Cezeri"

Точка

16/09/2020

14:26

4.507

Големина на фонт

а а а

Првото автономно летечко возило од Турција, наречено "Cezeri", било успешно тестирано во Истанбул, соопштил произведувачот на тоа возило, компанијата "Baykar", јавува агенцијата "Anadolu".

За дизајнот и производството се заслужни турски инженери, а "Cezeri" во текот на пробниот лет на прототипот тежок 230 килограми, летал на висина од 10 метри, наведува "Baykar" во соопштението. 

"Во наредната фаза само ќе направиме понапредни прототипи и ќе вршиме летови со учество на возачи", рекол Селџук Бајрактар, еден од раководителите на компанијата.

Тој навел дека ќе бидат потребни од 10 до 15 години "Cezeri" да се најде во градскиот сообраќај, а за три до четири години ќе може да се користи рекреативно во рурални средини.

"Cezeri" претставен минатиот септември на саемот за технологија и авијација "Technofest" одржан во Истанбул.

Автомобилот е наречен по Исмаил Ал Јазари, инженер и научник од 12-тиот век..




Спонзорирани линкови

Маркетинг