Убиецот на Саздо е екстрадиран во Македонија

Точка

21/09/2020

11:23

2.896

Големина на фонт

а а а

Осомничениот за убиството на Никола Саздовски е уапсен во Германија и екстрадиран во нашата земја, и сега им е достапен на органите на прогонот во Македонија.

21-годишниот Ј.Љ побегна од Македонија веднаш по убиството на 29.06.2018. 

Од МВР потврдуваат дека осомничениот е екстрадиран.

По Ј.Љ имаше распишано потерница, а бил уапсен од германската полиција.

За ова убиство им беше судено само на Бесир Беља и Скендер Демири, кои беа осудени на по 19 години затвор за свирепо убиство.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Љужа на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда, откако претходно му побарале лична карта.

"Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР презеде соодветни мерки и активности и со активна потрага по него, односно по негово лоцирање, разменети се информации со германската полиција, по што лицето беше приведено од германската полиција, а потоа и преземени соодветни мерки и активности за негово испорачување во Република Северна Македонија. Во изминатиот период од 18 месеци, како резултат на соработката со германската полиција, во Германија се приведени 50 лица по кои трагаат нашите институции, од кои дел се екстардирани, а за дел постапката е во тек", велат од МВР.

,




Спонзорирани линкови

Маркетинг