„Божиновски“ и оваа година ја изработи „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ која замина во рацете на Столе Попов

Точка

21/09/2020

15:38

2.017

Големина на фонт

а а а

Вчера се одбележа 41-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, на кој режисерот Столе Попов ја доби наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ додека наградата за „Златна камера 300“ му припадна на оскаровецот Јануш Камински, големиот полско–американски и светски кинематограф.

Тимот на „Божиновски часовници и накит“ и оваа година ја имаше честа да ја изработи наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ која традиционално ја доделува Друштвото на филмски уметници на Македонија. 

„Овој текст го започнуваме со громогласен аплауз, не затоа што и оваа година ја имавме честа да ја изработиме „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која ја доделува „Друштвото на филмски уметници на Македонија", туку затоа што оваа година особено сме горди што беше доделена на Столе Попов, еден од најзначајните македонски филмски режисери. Аплауз за сите негови филмски остварувања кои засекогаш ќе останат на врвот на македонската кинематографија, но аплауз и во име на оние кои онемеа и се плашат да ракоплескаат пред уметноста која извира од срцето на Македонија.

... „Ебате животот ако не си спремен да умреш за него!“. - од “До Балчак”.

Историјата на македонската кинематогрфска уметност е запишана преку дела како Црвениот коњ, Среќна Нова ’49, Тетовирање, Џипси меџик, До Балчак...“, стои во објавата на Фејсбук профилот на „Божиновски часовници и накит“ кои, како што велат, „и понатаму ќе остане горд поддржувач на македонската кинематографија затоа што секое ново македонско филмско остварување е вредно за восхит“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг