Вознемирувачки снимки: NASA загрижена – објави што се случува на Арктикот

Точка

22/09/2020

17:13

7.536

Големина на фонт

а а а

Научниците од Националниот центар за следење на снегот и мразот (NSIDC), објавиле дека загревањето на Арктикот допринело во драстичното топење на мразот кој што го покрива Северно Ледениот океан.

Сателитските снимки од 15-ти септември покажуваат дека мразот покрива 3.74 милиони квадратни километри морска површина, што е вторпат во период од 42 години таа бројка да се спушти под четири милиони квадратни метри.

„Многу сме вознемирени поради постојаното топење на мразот. Но, за жал тоа не е изненадување“ - изјавил Твила Мун од истражувачкиот центар во Болдер, Колорадо.

Сибирски топлотен бран

Рекордно малата количина на морски мраз од 3.41 квадратни километри, забележана била во 2012-та година, но тоа не е ништо помалку од тоа што научниците го гледаат денес.

Овогодишното губење на мразот особено е забележано во периодот помеѓу 31-ви август и 5-ти септември, благодарение на ударите на топлиот воздух од Сибир.

Во текот на тие шест денови, мразот се стопил побрзо од кога и да е.

Втор тим научници во јули објавил дека сибирскиот топлотен бран не би бил возможен без човечкото влијание на климата.

Губење на мразот

Кога мразот се губи во Арктикот, сè поголеми делови се отворени кон темното море и апсорбираат голема количина сончево зрачење, наместо да го одбиваат назад во атмосферата.

Тоа е процес кој што го зголемува топењето и кој што објаснува зошто арктичките температури се во константен пораст. Во последните 30 години тие речиси се удвоиле од вообичаено.




Спонзорирани линкови

Маркетинг