Ким Јонг Ун му пишал на јужнокорејскиот лидер: Жал ми е поради инцидентот во кој убивме службеник на вашата земја

Точка

25/09/2020

10:01

1.666

Големина на фонт

а а а

Како што се наведува, во меѓувреме Мун и Ким размениле лични писма, но не е објавено што пишувало во нив.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун изјавил дека му е многу жал поради инцидентот во кој севернокорејската војска убила јужнокорејски службеник, соопштило јужнокорејското претседателство. 

Во писмото кое Северна Кореја го пратила до Сеул се наведува дека Ким многу жали што го разочарал јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин и народот на таа земја, дека се надева дека инцидентот нема да ја наруши довербата меѓу двете земји и дека ќе спроведе истрага за инцидентот, пренесува "Jonhap".

Се додава дека војската која ја контролира границата на запад испука повеќе од 10 куршуми на човек кој се обидувал да упадне во територијалните води на Северна Кореја, како и дека го запалиле чамецот, но не и неговото тело.

Како што се наведува, во меѓувреме Мун и Ким размениле лични писма, но не е објавено што пишувало во нив.




Спонзорирани линкови

Маркетинг