Милијардерот предлага: 1000 долари за секое домаќинство на секои 2 недели, во наредните 2 месеци

Супермен

25/09/2020

11:33

3.108

Големина на фонт

а а а

Милијардерот Марк Кубан рекол дека владата треба да обезбеди помош за секое американско домаќинство во износ од 1000 долари на секои 2 недели во наредните 2 месеци.

Во интервју за „CNBS“, Кубан апелирал Конгресот да одобри уште еден економски пакет за да ги поддржи поединците и бизнисите кои се наоѓаат во тешка ситуација, велејќи дека тоа сега е потребно подеднакво како и на почетокот на пандемијата. 

Кубан прво предложил втор бран на директни плаќања кон средината на мај, кратко откако демократите се изборија за поширок пакет мерки. Тогаш изјавил дека мисли дека тоа би требало да изгледа така, но дека би требало на семејствата да им се даде рок од 10 дена да ги потрошат државните пари бидејќи смета дека тоа би ја зголемило потрошувачката и на подобар начин би им помогнало на бизнисите.

Сопственикот на Далас Маверикс претходно го образожил својот предлог.


„Не ме интересира на што ќе ги потрошат. Тоа можат да бидат слатки, кирија, кредит, било што што им е неопходно или што го посакуваат“, рече тогаш милијардерот, пренесува „Business Insider“.

Идејата на Марк Кубан се разликува од онаа која Конгресот ја спроведе преку уредбата „CARES“ во март, со оглед дека не вклучува ограничувања кога се во прашање приходите.

Законодавците и претседателот на САД, Доналд Трамп, одобрија помош во износ од 1200 долари, но само за оние кои заработуваат до 75.000 долари годишно, со уште 500 долари за секое издржувано дете.

Износот на пари се намалувал со износот на приходи, се до оние кои заработуваат над 99.000 долари годишно кои биле исклучени од пакетот за помош.

Сепак, сопружниците кои вкупно заработувале 150.000 долари биле квалификувани за добивање помош.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk