Роналдо: Ова е важен бод за Јувентус, пред нас е светла иднина

Дерби

28/09/2020

09:07

1.528

Големина на фонт

а а а

Тимот на Јувентус се враќа од Рим со еден освоен бод, а за тоа најголема заслуга има Кристијано Роналдо.

Роналдо беше човекот кој вечерва беше двоен стрелец против Рома во ремито од 2-2. Португалецот двапати успеа да му одговори на Верету со тоа што при вториот погодок во 69 минута „бјанконерите“ беа со играч помалку затоа што Рабио беше исклучен во 62 минута.

Поради сите околности Кристијано е задоволен со освоениот бод, бод кој според него може да се покаже како клучен на крајот на сезоната.

-Го заслуживме овој бод. Ситуацијата стана комплицирана, се вративме иако имавме црвен картон, па на крајот на сезоната ова може да се покаже како важен бод.

-Ова е почеток на сезоната, има нов тренер, нови идеи, ама тимот работи добро, има ентузијазам и гледам светла иднина пред нас. Гледаме тим кој е подготвен да работи со насмевка, -рече ѕвездата на Јувентус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг