Најголемиот македонски шоумен и актер Игор Џамбазов, се чини дека станува еден од најпопуларните ликови и на Интернет поради неговата секојдневна активност на Инстаграм.
Утринава на својот Инстаграм-профил, Џамбазов се присети на старите времиња и сподели фотографија од неговата матурска вечер со неговата партнерка Анче.
Млад, згоден, со долга коса, во костум, одела и кравата, Игор позира покрај својата партнерка.
„На матурска, 1981-ти, со мојата партнерка Маринова Анче... еј ти младост моја, куќо недокуќена...“, напиша Игор во описот на фотографијата на која собра повеќе од 4.000 лајкови.