Пејачот смета дека поради туморот на мозокот изгледа помладо: „Всушност, имам 3.373 години“

Точка

19/10/2020

18:52

3.431

Големина на фонт

а а а

Пејачот Расел Ватсон смета дека хормоналното пореметување, кое настанало како последица од тумор на мозокот, го направило младолик.

На Ватсон, кој сега има 53 години, првпат му бил најден тумор во мозокот во 2006-та година. Отишол на итна операција за да го отстрани, но, за жал туморот се вратил следната година.

Потоа во 2007-ма година пејачот отишол на уште една операција и пет недели поминал на хемотерапија.

Сега смета дека дијагнозата допринела за неговиот младолик изглед.

Во новото интервју за „The Sun“, Ватсон рекол дека 'имал среќа' што ја наследил кожата од неговата мајка, но и дека изгледот на неговото лице не е само последица од генетиката.

„Мајка ми изгледа како да има 50 години, но, хормоналното пореметување допринесе за мојот изглед“, рекол пејачот.

Ватсон објаснил дека природата на неговата болест е таква што заболените често не ги лачат потребните хормони, и додава дека поради тоа се чини дека тие воопшто не стареат.

„Јас всушност имам 3.373 години“, се пошегувал пејачот, додавајќи дека за време на терапијата, за која биле потребни многу лекови, често чувствувал депресија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг