Сосема случајно е откриен огромен древен цртеж на мачка стар 2 илјади години

Точка

20/10/2020

18:01

1.443

Големина на фонт

а а а

Огромен геоглиф на мачка која одмара е откриен во познатата перуанска пустина Наска.

Наска линиите, инаку место кое е на листата на „УНЕСКО“ со светски културни богатства, познати како и геоглифи, се големи цртежи исклесани во каменитиот терен на пустината, направени пред околу 2 илјади години.

Научниците веруваат дека најновото откритие е фигура на мачка. Во оваа пустина можат да се најдат и други цртежи, а истите може да се видат од воздух или од некоја повисока точка.

Новооткриениот цртеж на мачка останал незабележан се досега кога тамошните власти одлучиле да изградат патека која води до видиковец.

„Фигурата беше целосно невидлива и за малку ќе исчезнела затоа што се наоѓа на стрмна падина која е склона на природна ерозија“, стои во соопштението на перуанското Министерство за култура.



Спонзорирани линкови

Маркетинг