Земјотрес од 5,6 степени го потресе Исланд: Погледнете ја реакцијата на премиерката на државата

Точка

20/10/2020

19:01

4.763

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со магнитуда од 5,6 степени по Рихтеровата скала денеска го погоди југозападен Исланд, а потресот силно се почувствува и во главниот град Рејкјавик.

Исландските власти соопштиија дека земјотресот бил регистриран во 13:43 часот по локално време, а епицентарот бил во Крисувик на околу 35 километри јужно од Рејкјавик.

Премиерката на Исланд, Катрин Јакобсдотир во моментите на потресот учествуваше на онлајн дискусија за последиците од пандемијата на коронавирусот. Иако на почетокот се исплаши, таа веднаш се смири и го продолжи разговорот, а на соговорниот му рече: „Ова е Исланд“.

Инаку, островската земја е една од сеизмички најактивните земји на светот, иако најголемиот дел од земјотресите се со мал интензитет и не причинуваат позначителна штета.



Спонзорирани линкови

Маркетинг