Преседан во Америка: Познат весник за прв пат по речиси 30 години поддржа претседателски кандидат

Точка

20/10/2020

19:21

3.513

Големина на фонт

а а а

Американскиот весник "USA Today", прв пат од 1982-ра година, од кога постои, одлучил директно да застане зад некој од кандидатите за претседател на САД и денеска објавил дека јавно го поддржува демократскиот кандидат Џо Бајден.

Во текстот кој го потпишал колегиумот уредници, читателите на весникот биле повикани да не гласаат за Доналд Трамп, оценувајќи дека тој не е подобен за таа функција, бидејќи му недостасуваат темперамент, знаење, постојаност и искреност, квалитети кои им се потребни на Соединетите Американски Држави. 

Како што оцениле, за разлика од Трамп, Бајден на нацијата и нуди смиреност и компетентност.

Колегиумот на весникот "USA Today" навел дека се состои од идеолошки и демографски различни групи на новинари, кои ја прекршиле повеќегодишната традиција и заземале страна во трката за претседател, прв пат од основањето на весникот.

Пред четири години, весникот повикал да не се гласа за Трамп, но тогаш не го поддржал директно демократскиот кандидат Хилари Клинтон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг