Се врати насмевката на лицето на Фердинанд: Мислам дека ова момче ќе биде играч од светска класа

Дерби

21/10/2020

13:25

1.053

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед иако во улога на аутсајдер уште еднаш успеа да го покори Париз и со победа да си замине од „Паркот на принцовите“.

„Ѓаволите“ со 2:1 славеа на тешкото гостување кај ПСЖ, а човек на одлука на овој натпревар повторно беше Маркус Рашфорд кој во финишот на средбата го совлада Кејлор Навас и го постави конечниот резултат.

Според Рио Фердинанд кој беше стручен аналитичар за овој натпревар во студиото на „БиТи Спорт“, Рашфорд е способен да напредува уште повеќе во својата кариера и да стане играч од светска класа.

– Мислам дека ова момче може да биде светска класа, треба само да го добие оној „ловечки елемент“ и да постигнува и некои неубави голови. Вејн Руни даваше фантастични голови кога се приклучи на Јунајтед, не даваше грди голови, но потоа тој тоа го внесе во својот репертоар. Ако Рашфорд може да стигне до таа „грда страна“, ова дете може да биде неверојатни, - изјави Фердинанд.

Маркус Рашфорд има 22 години и веќе неколку сезони е неизоставен дел од првиот тим на Манчестер Јунајтед. Во досегашната кариера веќе има постигнато 71 погодок и запишано 41 асистенција што е фантастичен учинок за така млад играч.



Спонзорирани линкови

Маркетинг