Лампард ја откри причината зошто шокантно го стави името на Петр Чех во составот за Премиер лигата

Дерби

21/10/2020

14:18

1.973

Големина на фонт

а а а

Многумина останаа зачудени кога го видоа името на Петр Чех во составот на Челси за натпреварите од Премиер лигата.

Поранешниот голман веќе е пензиониран повеќе од една година и во моментов е дел од раководството на Челси, па затоа неговото вметнување во списокот на играчи дојде како големо изненадување.

Сега, Френк Лампард потврди зошто се решил на ваков чекор кој предизвика голема фама во јавноста.

– Дефинитивно не е поради некоја романтика. Пит тренира со голманите одреден период. Тој е навистина фил и се уште релативно млад. Пит ја заврши играчката кариера кога веројатно можеше да продолжи да игра, па во Челси доби улога со која се носи доста добро.

– Имавме простор во составот и оваа година е како никоја претходна поради Ковид-19 и што тој може да направи со селекцијата на играчите и изолацијата. Па затоа ова беше лесен чекор, Пит повторно ќе си ја извршува дневната рутина, но ќе биде тука доколку ни затреба.

– Дали ќе го видиме на теренот не се знае, зависи од тоа како ќе одминува сезоната со Ковиди со изолациите. Јас почувствував дека не постои пречка да го имаме Пит во составот затоа што тој само може да им помогне на голманите кои ги имаме. Тој е еден од најдобрите во светот во модерниот фудбал, -изјави Лампард.

Лампард очигледно поведен од фактот што репрезентацијата на Украина остана без голмани поради позитивни тестови на Ковид, па во таборот мораше да го враќа Шовковски кој шест години е пензиониран, се решил на ваков чекор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг