Научниците тврдат дека луѓето лачат 'хормон на среќа' кога гледаат кучиња, еве зошто

Точка

21/10/2020

18:15

2.767

Големина на фонт

а а а

Сопствениците на кучиња 'во срж' знаат дека тие и нивното милениче се сакаат, а тоа го потврдила и студија која докажала дека овој вид на љубов е хемиски очигледен откако кучињата и нивните сопственици ќе се погледнат во очи.

Студијата која ја спровеле истражувачите од неколку јапонски универзитети, објавена е во магазинот „Science“ и се состои од два дела. Во првиот дел, истражувачите набљудувале како 30 сопственици на кучиња половина час разговараат со своите миленици, а потоа го мереле нивото на окситоцин и кај луѓето и кај кучињата. (Окситоцинот, кој понекогаш се нарекува 'хормон на љубовта', е клучен за човечката интимност, помага во создавање врски помеѓу партнерите, а исто така игра улога во односот на мајките и децата.)


Истражувачите откриле дека сопствениците, чии кучиња најдолго гледаат во нив, имале највисоко ниво на окситоцин. Покрај тоа, нивоата на окситоцин кај сопственикот и кај кучињата биле во корелација: ако сопственикот има високо ниво откако тие имале интеракција, тоа во најголем број случаи важело и за кучињата.

Како контролна група, истражувачите користеле волци одгледувани од луѓе, спарени со некој што ги одгледувал, користејќи ја истата постапка. Нема докази за било какво влијание врз нивниот окситоцин.


Вториот дел од студијата се обидел да објасни дали продолжениот поглед навистина предизвикува повисоко ниво на окситоцин. За да го потврдат тоа, истражувачите дале оскитоцин на нова група на кучиња и набљудувале како комуницираат со своите сопственици. Чудно е што окситоцинот, кој се дава на женки, довел до многу поголеми нивоа и кај кучињата и кај нивните сопственици. Тој ефект не бил присутен кај машките кучиња, а истражувачите не се сигурни зошто.


Резултатите сугерираат дека кучињата имаат развиено заемно корисна способност да се приврзуваат со луѓето на ист начин како и ние. Во есејот за студијата, објавен во списанието „Science“, Еван Меклин и Брајан Хер, двајцата когнитивни научници од Дјук, пишуваат:

„Кучињата го искористија нашиот родителски инстинкт - со однесување како гледање во очи - за да предизвикаат чувство на социјална награда и грижливо однесување“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг