Кој е најдобриот НБА играч кој не освоил шампионски прстен?

Макфакс

21/10/2020

18:55

1.420

Големина на фонт

а а а

Има голем број одлични НБА играчи кои во своите кариери не стигнале до најголемото одличје во лигата – шампионскиот прстен.

Полемики се воделе и се водат кој од овие играчи заслужил да стигне до подиумот. Еве кои се дваесетте играчи кои според одредени критериуми би требало да се рамо до рамо со ѕвезди од калибарот на Мајкл Џордан, Коби Брајант, Леброн Џејмс…

1 - Карл Мелоун – Беше дел од Јута Џез и во 1997 и 1998 губеше во финале од Чикаго Булс, а во финалето во 2004. „џезерите“ загубија од Детроит Пистонс

2 - Чарлс Баркли – играше само едно финале, во 1993, но секогаш беше дел од најдобрите играчи во својата генерација

3 – Џон Стоктон – Со Јута, заедно со Мелоун двапати (1997 и 1998) губеа од Булси на Џордан, Пипен

4 – Ален Ајверсон – Ѕвездените моменти ги помина во Филаделфија 76-ките.

5 – Патрик Јуинг – Големиот центар на Орландо, Сиетл и Њујорк Никс губеше во финалињата во 1994 и 1999 година

6 – Дражен Петровиќ – Еден од најдобрите од Европа кои некогаш играле во НБА. Во 1990 година загуби финале со Детроит Пистонс

7 – Реџи Милер – Еден од најдобрите шутери на сите времиња, со Индијана Пејсерс загуби во финалето во 2000 година од Лејкерси

8 – Стив Неш – Еден од најдобрите плејмејкери на својата генерација, имаше пех што Феникс Санс не беа доволно добри за да играат за титулата

9 – Винс Картер – Според многумина, најдобриот забивач на сите времиња, во НБА помина 22 сезони, 8 пати беше на ОЛ-стар, но не стигна до прстенот

10 – Џејмс Харден – Се уште е еден од најдобрите во НБА, активен е, останува да се види дали со Хјустон Рокетс ќе успее да се искачи на „највисоката скала“

Во ова одбрано друштво има место и за Шон Кемп, Пени Хардавеј, Доменик Вилкинс, Трејси Мегреди, Дикембе Мутомбо, Крис Пол, Крис Вебер, Кармело Ентони, Јао Минг и Расел Вестбрук.



Спонзорирани линкови

Маркетинг