Берберот Али Февзи од Чаир го продал своето возило за да им купи храна на сиромашните

Макфакс

21/10/2020

20:11

2.461

Големина на фонт

а а а

Али Февзи е Турчин кој живее во Македонија. Како бербер работел во Виена, а животот го научил дека еден миг го менува животот, дали на добро или на лошо, пишува "MKD.mk".

До 2009-та година живеел во Скопје, каде работел во берберницата која ја наследил од својот татко. Еден ден заминал во Виена на гости кај братучед, па почнал да работи во тамошна берберница. Да остане го натерал сопственикот на берберницата, кога видел дека Али прави голем промет, работи квалитетно, но и зборува неколку јазици. 

Во Австрија живеел од 2009-та до 2019-та, а кратко се вратил во Македонија во 2014. Откако преживеал пожар му се променил животот, и ветил дека ќе им помага на луѓето и ќе вложува за некого да направи среќен.

„Добрината се наоѓа во срцето на луѓето, само треба да ја разбудиме. Во 2014 година дојдов на краток престој од Виена во Македонија, доживеав тежок пожар во зградата каде што живеам во Чаир. Се запали зградата и гореше од 5. до 9. кат. Кога се запали првиот стан, пожарот многу брзо се прошири и во горните катови. За да се спасам, кршев стакло и само што успеав да скокнав во друга просторија од станот, слушнав силна експлозија од плински боци. Миризбата од плинот почна да ме гуши и потоа не се сеќавам многу. Знам дека некој му зборуваше, ме симнуваа надолу, ногата ми беше расечена и имав огромна рана. Две недели сум бил во кома на Токсикологија и не знаев дали сум жив или мртов“, вели Али за "MKD.mk".

Али повторно се вратил во Виена, заработувал за себе, но и за да исполни ветувањето што го дал.

„Сум им дал многу пари на луѓе и воопшто не жалам за тоа. Периодот со короната најмногу го искористив за тоа, бидејќи во овој период има многу луѓе што останаа без работа и без приходи. Приоритет имаат самохраните мајки. Во Македонија пак се вратив во 2018 година за свадбата на брат ми и сега пак пред Нова година", вели тој.

Али вели дека во Македонија најмногу го разочарала поделеноста меѓу луѓето, како и нивните тажни судбини.

Според неговите пресметки, тој за 8 месеци во својата хуманитарна мисија потрошил околу 12.000 евра, а пред неколку месеци го продал и својот џип "BMW X5", и сите пари ги дал на оние на кои им се најпотребни.

Целосното интервју можете да го прочитате на MKD.mk.




Спонзорирани линкови

Маркетинг