Џорџина уште еднаш покажа во што е вешта: „Роналдо е вистински среќник“

Супермен

11/11/2020

19:10

3.524

Големина на фонт

а а а

Вереницата на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, позирала на јахта во хеланки и топ маичка додека правела шпага.

Џорџина Родригез сака на својот Инстаграм профил да споделува сексапилни фотографии, а меѓу нив има и такви на кои што вежба.

Манекенката на последните фотографии покажала колку е еластична.

„Помеѓу морето и небото“, напишала Џорџина покрај објавата.

Таа позирала како вежба јога во сина спортска опрема на луксузната јахта во близина на Мадрид.

Родригез објавила уште неколку фотографии на Инстаграм стори на кои што се растегнува, а притоа на главата носела марама, а на нозете бели чорапи.


За објавата на која што прави шпага добила многубројни пофалби и шеги, но и повеќе од еден милион лајкови за само три часа.

„Wow, Роналдо е вистински среќник“, „Убавица“, „Ти си причината што Роналдо постигнува многу голови“, „Толку си убава“, „Кралица“, „Брутално“, се само дел од коментарите под објавата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk