Истражување: Овој отров сите го имаме во фрижидерот, а може да предизвика проблеми со мозокот, крвниот притисок...

Точка

25/11/2020

14:12

6.617

Големина на фонт

а а а

Кога храната ќе дојде во контакт со пластика, метал или пак некој друг материјал, постои голема веројатност на себе да собере и малку БПА.

„Практичните садови во кои што ви пристигнуваат вашите омилени оброци кои што ги нарачувате од ресторан, како и други пластични чинии наменети за чување храна се наоѓаат во речиси секој фрижидер. Меѓутоа, токму тоа што најчесто е употребливо може да биде и најотровно, најтоксичната работа во вашиот фрижидер - бисфенол А“.

Станува збор за хемикалија позната и како БПА која што компаниите почнале да ја користат за создавање пластика уште во 1960-та година, но и денеска се користи во производството на многу пластични материјали, па дури и чаша за вода. Исто така може да се користи и во обложување на лименките, капачињата од шишињата и друго, наведуваат експертите.


Кога храната ќе дојде во контакт со пластика, метал или пак некој друг материјал, постои веројатност дека на себе може да собере и малку БПА. Експертите велат дека и мала количина на БПА може да предизвика штетни влијанија во човечкиот организам.

Кај новороденчињата тоа може да влијае на простатата и мозокот, велат експертите.

Меѓутоа, истражувањето покажало дека БПА може да има и влијание врз зголемениот крвен притисок кај возрасните.

Докторите од Харвард сугерираат дека треба да бидеме внимателни, да купуваме помалку конзервирана храна, а повеќе свежи производи. Избегнувајте да ставате пластика во микробранова печка или пак машина за миење садови „затоа што топлината со текот на времето може да ја разгради БПА и да продре во храната.




Спонзорирани линкови

Маркетинг