Дресот на Марадона од култниот меч со Англија може да достине цена од 2.000.000 долари

Макфакс

28/11/2020

12:12

1.311

Големина на фонт

а а а

На 22 јуни 1986 година на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити, Диего Марадона ги постигна двата најпознати гола во историјата на фудбалот.

Првиот е „Божјата рака“, а вториот е ремек-делото познато како „Голот на векот“, кога Аргентинецот нанижа неколку играчи, го претрча целиот терен и го совлада Шилтон.

По натпреварот дресот на Марадона од тој четврт-финален меч завршил кај Стив Хоџ. Се претпоставува дека Хоџ за кулниот дрес може да добие 2.000.000 долари. Инаку дресот се наоѓа во музејот во Манчестер, но Хоџ бил заинтересиран да го продаде.

„По завршувањето на натпреварот, одев низ тунелот и забележав дека од спротивната страна доаѓа Марадона. Го соблеков мојот дрес и онака, додека се разминувавме ги разменивме дресовите“, изјавил Хоџ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг