„Titanium iPhone 12 Pro Stealth“ – погледнете како изгледа првиот „iPhone“ без ниту една камера

Супермен

02/12/2020

15:51

806

Големина на фонт

а а а

Руската компанија „Caviar“ која редовно објавува луксузни „Limited Edition“ телефони, овој пат нѝ претставува „iPhone 12 Pro“ – без камери!

„Titanium iPhone 12 Pro Stealth“ e дизајниран за да го заштити сопственикот од тајно следење. Ознаката „Stealth“ се однесува на спречување детекции при користење на разни технологии кои ја намалуваат рефлексијата/емисијата на радарот, инфрацрвеното и видливото светло, спектрумот на радио фрекфенција и звук – сето ова е колективно познато како „stealth“ технологија. 


Главната карактеристика на „Titanium iPhone 12 Pro Stealth“ е недостатокот на камери. Сите камери на задната страна се отстранети, додека предната камера е оневозможена. Како резултат на тоа, измамниците и хакерите немаат пристап до телефонот. Во некои индустрии во кои безбедноста е многу важен аспект, користењето на телефони со камери не е дозволено.


Новата колекција се состои од два модели: „iPhone 12 Pro Stealth“ и „iPhone 12 Pro Stealth Gold“. Првиот модел е креиран од зајакнат титаниум со вертикални „Guilloche“ декорации, а другиот модел е поживописен, со куќиште од зајакнат титаниум и дополнителни издржливи „PVD“ од злато.

„Caviar“ ќе креира 99 копии од двата модели. „Stealth Edition“ има почетна цена од 5.060 долари, додека „Stealth Gold Edition“ има почетна цена од 5.520 долари. И двата модели се достапни во верзии со 128GB, 256GB и 512GB простор за складирање на податоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk