Назад во звукот на 80-ти и 90-ти: „Дали знае?“ е новата песна на скопскиот бенд „Fiction“

Точка

07/12/2020

17:22

2.762

Големина на фонт

а а а

Македонската музичка сцена е побогата за уште една песна која што непогрешливо ќе ве врати во времето на 80-те и 90-те години. За тоа се заслужни момците од скопскиот бенд „Fiction“.

„Дали Знае?" е четвртиот сингл на скопскиот поп-рок состав „Fiction“. Песната ги спојува елементите на поп музиката од 80-те и 90-те со модерниот рок звук.

Музиката и текстот се на Виктор Захариев, додека пак зад аранжманот се потпишуваат сите членови од бендот.

Зад аудио продукцијата стојат Виктор Захариев и Виктор Георгиевски, кој воедно е и одговорен за микс и мастер на песната.


Интересно е тоа што спотот на песната е составен од инсерти од секојдневието на бендот во изминатите години. За монтажата на спотот одговорни се момците од „Steady Flow“. 

„Fiction“ се:

- Петар Ѓуревски (вокал);
- Виктор Захариев (гитара, вокал);
- Филип Андонов (гитара);
- Теодор Теодосиевски (тапани). 


Уживајте во песната и видео-спотот: