Истражување: Од овој дел на телото зависи колку мажите ќе бидат „издржливи“ во сексот

Точка

12/01/2021

19:23

7.432

Големина на фонт

а а а

Поголемиот дел од жените сметаат дека за издржливоста на мажите во текот на сексуалниот однос заслужни се мускулите или пак нивната кондиција.

Меѓутоа - тоа не е вистина. Истражувачи од Универзитетот Кајзери во Турција, тврдат дека издржливоста кај мажите во текот на сексуалниот однос зависи од нивниот стомак - и тоа од неговата големина.

Во истражувањето учествувале 200 мажи на различна возраст и тоа покажало дека во сексот многу поиздржливи се мажите кои што имаат поголем стомак, односно чиј обем на половината е поголем од 92 сантиметри.


Исто така се докажало дека мажите со пивски стомак имаат поголема кондиција од оние кои што се во совршена и фит форма и со рамни стомаци.

Дури и доколку не верувате во ова, бројките кажуваат друго нешто: на покрупните мажи во просек им се потребни 7,3 минути да доживеат оргазам, додека пак кај послабите просекот е 2,5 минути, а оваа група имала и многу поголеми шанси за прерана ејакулација.

Објаснувањето е едноставно - повеќе масти во стомакот значи дека мажите можат да имаат поголемо ниво на естрадиол, женскиот секс хормон кој што го успорува доаѓањето на оргазмот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг