Точка ТВ: Не поднесувал жени со обетки, му се гадело од кајсии - ова се необичните особини на Тесла

Супермен

13/01/2021

12:33

2.691

Големина на фонт

а а а

Покрај неговиот генијален ум кој никој не може да го оспори, Никола Тесла имал многу навики кои другите не можеле да ги сфатат и поради тоа често го нарекувале „лудиот научник“.

Ова се некои од навиките и особините на Тесла: 

- Секогаш му се гадело кога ќе видел кајсија.

- Секогаш пред да јаде, задолжително во главата го пресметувал волуменот на чинијата, шолјата или садот.

- Ако почнел да чита некоја книга, потоа морал да ги прочита сите дела од истиот автор.

- Имал хиперсензитивен слух и вид, поради што имал големи проблеми со инсекти како комарци и муви.

- Бил леворак, но со текот на времето успеал да ја истренира и десната рака, па ги користел наизменично.

- Секогаш ги броел своите чекори и ја пресметувал оддалеченоста на некој објект или зграда од себе, а потоа и времето и својата просечна брзина.


- Обожувал гулаби до таа мера што на прозорците имал импровизирана амбуланта за повредени гулаби.

- Не поднесувал жени со обетки и бизарни помодарски фризури.

- Бил опседнат со бројот 3 - секогаш користел 3 салфетки и отседнувал во хотелски соби со бројот 3.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk