Тенисерите бесни на Австралија опен, 47 од нив завршија во изолација

Макфакс

17/01/2021

11:58

2.322

Големина на фонт

а а а

Повеќе тенисери и тенисерки се пожалија дека организаторите на Австралија опен ги смениле најавените правила за карантин поради Ковид-19, по што речиси 50 тенисери влегоа во локдаун 14 дена пред Австралија опен.

47 тенисери и тенисерки кои беа на двата лета за Австралија во кои имаше четири позитивни тетови на Ковид-19 се во таканаречен „цврст карантин“ и не можат да се приклучат на тие кои имаат дозвола да тренираат по пет часа дневно.

Повеќе тенисери се јавија преку социјалните мрежи со објави дека се заглавени во своите хотелски соби и не се во способност да тренираат пред првиот гренд слем од годината, кој стартува на 8 февруари. Швајцарката Белинда Бенчич вели дека правилата биле сменети при пристигнувањето.

„Решивме да дојдеме тука според правилата кои ни беа пратени. Кога пристигнавме добивме информации со нови правила за кои не бевме информирани. Не се жалиме на карантинот, туку поради нееднаквите услови пред важниот турнир“, напиша Бенчич на „Твитер“.

Романката Сорана Кирстеа изјави дека немала да дојде во Австралија ако знаела дека ќе заврши во изолација.

„Да ни го кажеа тоа пред тргнувањето, немаше да играм во Австралија, ќе останев дома. Сега не ни даваат ниту да се вратиме“, вели Кирстеа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг