Јутјубер јадел и тренирал како легендарниот Мухамед Али – еве ги резултатите

Супермен

20/01/2021

14:42

2.985

Големина на фонт

а а а

Фитнес влогерот Вил Тенисон е познат по бројните предизвиици во склоп на кои испробува режими на познатите „снагатори“, а сега на ред дошол Мухамед Али.

Тенисон одлучил еден ден да тренира и да јаде како најдобриот боксер на сите времиња. Денот го започнал во 4:30 часот наутро со трчање. Али секое утро трчал по 10 километри, носејќи тешки чизми и со тоа градел издржливост во нозете. 

Потоа следел појадок кој се состои од јајца, тост и сок од портокал и одење во теретана на тренинг и бокс.


Тенисон потоа јадел чизбугер, инаку едно од омилените јадења на Мухамед, па се припремил за ручек составен од пилешко месо, тестенини со сирење, спанаќ и грашок.

На крајот од денот следела прошетка.

„Многумина даваат 110 отсто од себе, но го занемаруваат менталното здравје. Поради тоа доаѓа до проблеми. Убаво е да се види дека Али оставал време за себеси, за фокусирање на сопствената добробит. Мислам дека тоа го довело до успешна кариера“, вели Јутјуберот.

Во продолжение погледнете го целиот предизвик:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk