За хидратација и блескав тен: 5 најдобри масла за сува кожа

Точка

23/01/2021

16:45

2.303

Големина на фонт

а а а

Маслата за лице помагаат во воспоставување на совршена рамнотежа и влажност на кожата која е сува поради надворешните и внатрешни фактори.

Кремите за лице најчесто содржат восок кој формира слој на кожата и ја задржува влагата. Од друга страна, маслата помагаат кожата сама да изгради таков слој познат како „липидна бариера“.

Добро избраните масла не оставаат масен траг туку се впиваат во кожата и ја прават мека, блескава и навлажнета.

Масло од арган

Ова масло денес е клучна состојка на голем број козметички препарати. Освен линолеинска киселина, аргановото масло содржи и голема количина витамин Е кој ја штити и навлажнува кожата.

Добро е за масна и дехидрирана кожа бидејќи го намалува претераното лачење на себум.


Масло од маракуја

Маслото од маракуја го намалува јадежот и воспалителните процеси на кожата. Изобилува со витамин Ц и линолеинска киселина. Маслото од маракуја е одлично за зимскиот период кај кожа која е особено сува.

Масло од семки од грозје

Лесната структура, изобилството на витамин Ц и антивоспалителните и антиоксидативни својства го прават маслото од семки од грозје одлично за сите типови кожа.

Особено се препорачува за кожа која има екстремно суви делови, а може да ги ублажи и брчките околу очите и на вратот.


Маслиново масло

Повеќето видови масни киселини го прават маслиновото масло фантастична козметичка состојка. Ова масло помага во омекнување и смирување на сувата, надразнета кожа.

Масло од јојоба

Маслото од јојоба претставува драгоцена состојка за нега на кожата. Масните киселини во ова масло создаваат заштитен слој на површината на кожата, а исто така го намалуваат и лачењето на себум. Затоа, маслото од јојоба е одлично и за масна кожа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг