Чизми по кои полуде цел свет: Жените се воодушевени од моделот кој одговара со сè

Точка

23/01/2021

17:32

6.492

Големина на фонт

а а а

Овие чизми со моќен дизајн и непогрешлива практичност го освоија цел моден свет.

Дебел ѓон, комотен простор за прстите, рамна потпетица – сето ова е одлика на т.н. „chunky boots“, кабасти чизми кои доминираат од крајот на 2020 и почетокот на 2021 година.

Ѓонот може да биде дебел како мала платформа, како моделите кои ги красат гардероберите на популарните манекенки Ирина Шајк и Џиџи Хадид.

Никој не успеа да им одолее и речиси и да нема моден бренд кој не направи колекција на „комбат“ чизми.

„Dior“ ги нарече „dioriron“, а со него во прв ред се, секако, и „Prada“ и „Botega Veneta“. Она што до скоро беше резервирано само за „хеви метал“ имиџ, сега ќе го гледаме со елегантни долги фустани и здолништа. А за панталоните нема ни потреба да зборуваме – сите варијанти одговараат.

Конечно пристигна тој момент – да бидете облечени по најнова мода, а нозете да ви бидат суви стоплени во зимскиот период.



Спонзорирани линкови

Маркетинг