Притвор за тренер по џудо од Прилеп кој сексуално злоупотребувал малолетни ученички

Макфакс

25/01/2021

11:30

3.014

Големина на фонт

а а а

Прилепското основно јавно обвинителство поведе постапка против маж на возраст од 46 години, за кој постои сомнение дека сторил продолжено кривично дело обљуба со злоупотреба на положбата.

Како што се наведува во соопштението, осомничениот како тренер по џудо од април до ноември минатата година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз малолетнички (на возраст на или над 14 години) кои му биле доверени како ученички заради тренирање и воспитување.

За 46-годишникот определен е притвор во траење до 30 дена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг