Точка ТВ во чест на Тоше: Многу емоции, искрени приказни, необични сведоштва во неколкуминутно видео посветено на Проески

Точка

25/01/2021

23:12

10.473

Големина на фонт

а а а

25-ти јануари - датум кој секогаш ќе потсетува на музичката легенда Тоше Проески, која прерано нè напушти после страшната сообраќајна несреќа во близина на Нова Градишка во Хрватска.

Да беше жив, Проески денеска ќе наполнеше 40 години. Многу ноти, прекрасни мелодии, искрени текстови остави зад себе.

Во чест на неговиот роденден, направивме кратко документарно видео во кое неколку познати личности зборуваа за дружбата и соработката со него. Актерот Васил Зафирчев, кој заедно со Весна Петрушевска ја водеше последната емисија во која гостуваше Проески, „Вртелешка“, првпат после смртта на пејачот јавно зборува за миговите поминати со него.

Младата Антониа Гиговска, пак, имала само 7 години кога ја слушнала веста за смртта на Тоше, а години подоцна ја имаше главната улога во 'Мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески'. Бени Шаќири и новинарката Александра Јовановска споделија досега неоткриени случувања поврзани со нашиот Тоше. 

Многу емоции, искрени приказни, необични сведоштва во неколкуминутното видео посветено на Тоше Проески.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk