85-годишна жена ја прогласиле за мртва од коронавирусот, 9 денови после погребот се вратила дома

Точка

25/01/2021

15:55

1.954

Големина на фонт

а а а

Роџелија Бланко (85) од Мадрид, чие семејство сметало дека починала од коронавирус, ги изненадила своите најблиски кога се вратила во домот за стари лица девет дена по погребот.

Како што пренесува „Ројтерс“, дошло до забуна поради која семејството на Роџелија Бланко било известено дека таа починала од коронавирус, а поради мерките за време на пандемијата на коронавирусот, не можеле да присуствуваат на погребот.


Сè започнало кога Роџелија добила позитивен резултат на тестот за коронавирус и со другите заразени од домот билa префрленa во дом специјализиран за лекување. До забуната дошло откако починала жената која била во соба со Роџелија, а по грешка било евидентирано дека таа починала.

Нејзиното 'враќање од мртвите' го шокирало и нејзиниот сопруг Рамон, кој живее во истиот дом за стари лица.

„Не можев да верувам. Ја отплакав смртта на мојата сопруга“, рекол Рамон за локалните медиуми. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг