Мислите дека ова се само „кул“ патики? Погледнете подобро!

Супермен

26/01/2021

17:31

1.474

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте се запрашале како би изгледало доколку поседувате патики кои се воедно и компјутер? Можеби и не, но еве прилика да бидете сведоци на такво нешто.

Соработката на две компании – „NZXT“ која произведува хардвер и „RTFKT“ која произведува обувки за спортисти, довела до создавање на компјутер во облик на патики.

Станува збор за целосно функционален уред, па не знаеме колку би било паметно да ги носите овие патики. Овој интересен компјутер содржи „ NZXT Kraken Z63“ течни ладилници и на дисплејот ги прикажува ликовите од популарните аниме серии како што се „ Yu-Gi-Oh!„ или „Dragon Ball Z: Resurrection 'F“. Што се однесува до графичката картичка, станува збор за „RTX 3080“, пишува на официјалниот сајт.


Остануваат огромен број неодговорени прашања – колку портови има компјутерот, каква конекција поддржува... Сепак, симнуваме капа за оригиналноста и дизајнот!


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk