Обична фотографија на улица станала историска: Не била ни свесна дека покрај неа проаѓа жива легенда

Точка

26/01/2021

19:34

10.590

Големина на фонт

а а а

Мае Арчи останала без зборови откако се вратила дома од одморот во Њујорк и ги разгледувала фотографиите кои ги направила таму. Но, дури тогаш на една од фотографиите забележала некој многу познат.

Арчи се фотографирала во Њујорк по посетата на изложбата за Битлси, а дури по завршување на патувањето сфатила дека пропуштила нешто прилично важно – Пол Макартни случајно се нашол на нејзината фотографија, пренесува „Mirror“.


Во видеото во кое ја објаснува фотографијата, Мае вели дека ѝ е многу жал бидејќи не забележала на време дека покрај неа поминала големата ѕвезда на која ѝ се воодушевува.

Макартни го преоѓал пешачкиот премин кога настанала историската фотографија.

„Сакав да направам симпатична фотографија, па се свртев додека го преоѓав пешачкиот премин, а мојата мајка ме фотографираше. Бев свртена кон неа, па не го забележав Пол сè додека не се свртев напред. Воспоставивме контакт со очите и се обидував да сфатам зошто ми изгледа толку познато. Тој ми намигна бидејќи знаеше дека знам, а потоа се оддалечи“, раскажала девојката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг