Од Италијанската фудбалска федерација повторно размислуваат за опцијата да се вратат навивачите на стадионите ширум земјата.
„Кориере дело Спорт“ јавува дека се размислува за воведување план според кој навивачите ќе се вратат на стадионите на пролет и на Европското првенство кое е закажано за летото што доаѓа.
Состанокот на кој ќе бидат разгледани сите опции треба да се одржи во следните десет дена, а на истиот ќе биде донесена одлука за враќање на гледачите доколку ситуацијата со Ковид-19 остане под контрола.
Сепак, она што го напоменува „Кориере дело Спорт“ е тоа дека и да се донесе одлука за враќање на гледачите, на стадионите ќе биде дозволено присуство на најмногу 1.000 фанови на пролет, а најмногу до 30% исполнетост од стадионите за натпреварите од Европското првенство.
На „Олимпико“ ќе бидат одиграни три натпревари од групната фаза, како и четвртфиналето од континенталниот собир.