Зорица Блажева, или за јавноста попозната како Зои Блаж, е позната мејкап артистка на нашите простори.
Зои порано интензивно се занимаваше со музика, но неколку години подоцна одлучи целосно да ѝ се посвети на втората професија.
Мејкап артистката беше во просториите на Точка и нѝ откри интересни работи од нејзиното секојдневие. Зборуваше за мејкап изгледот кој во моментов ѝ е омилен, ја пофали и Антониа Гиговска, на која ѝ даде 'чиста десетка' за изгледот, а нѝ откри и во какво издание привлекла најголемо внимание.
Зои Блаж во последниот период е посебно актуелна откако нејзиниот избраник, Тадеј Матијашиќ, во ноември минатата година ја запроси во Германија.
Поранешниот ракометар на Металург живее во Германија, а Зои за Точка откри дека нејзините планови за во иднина, откако ќе заврши ситуацијата со пандемијата - се да се пресели токму таму, откако ќе ја направат венчавката од соништата.
Како се запознале со Тадеј, колку тој е романтичен и дали ѝ приредува изненадувања, која е песната која ја опишува нивната љубов - се само дел од прашањата на кои Зои одговара во интервјуто за Точка ТВ.
Новинар: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ