Точка ТВ на тренинг со атрактивната и успешна каратистка Моника Стефановска: „Македонија не издвојува доволно финансии за своите каратисти“

Точка

16/03/2021

22:41

3.707

Големина на фонт

а а а

Моника Стефановска е една од поуспешните спортистки во земјава. Каратистка со голем број награди за кои нескромно зборува.

Неодамна бевме на тренинг со Стефановска, а преку објективот на Точка одблизу ќе ве запознаеме со каратето како спорт.

Речиси 24 години Моника се занимава со овој спорт, кој многу спонтано станал дел од нејзиниот живот.

Стефановска била дел од неколку европски и светски натпреварувања, но и неколку светски премиер лиги, каде имала високи пласмани.

Најдобра помлада спортистка на Македонија за 2011-та година - признанието на кое атрактивната каратистка е најмногу горда.

Моника вели дека откако каратето станало дел од Олимписките спортови, интересот за него многу се зголемил.

Освен што го подобрува физичкото здравје, каратето се препорачува и поради тоа што играчите ги учи на почит и самоконтрола, а им помага и при самодовербата.

„Во Македонија најголем проблем се финансиите за овој спорт. Тоа не е случај и во останатите светски земји каде каратето е на високо ниво“, истакнува Стефановска.

Грција е земја на Балканот која најмногу се грижи и вложува во своите каратисти, вели Моника.

Погледнете го целото интервју со каратистката Моника Стефановска.

Новинар: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk