(Епизода 2) „Дали сте знаеле дека“ - со Бојан и Марија, директно од Лондон: „Ние сме 14 години разлика. На почетокот беше скандалозно, но потоа...“

Точка

17/03/2021

23:10

6.763

Големина на фонт

а а а

Почитувани читатели, како што веќе веројатно забележавте минатата среда, во делот „ТочкаТВ“ се појави уште една нова рубрика наречена „Дали сте знаеле дека - со...“.

Имено, се работи за проект во кој јавните личности од нашата земја откриваат 10-на интересни и помалку познати нешта за јавноста, од нивниот приватен живот.

Па така, минатата недела оваа рубрика ја започнавме со водителот Димитар Атанасовски, а оваа среда ви ја носиме љубовната приказна на Бојан Трајковски и Марија Ивановска од „Eye Cue“.

Бојан и Марија имале навистина тежок почеток на нивната љубовна врска, со оглед на тоа дека околината не ги прифатила најдобро поради нивната, можеби по малку необична разлика во годините.

Сепак, оваа љубов е посилна и поуспешна од што може да си замислите. Тие во моментов живеат во Лондон, велат дека се многу среќни заедно, имаат неверојатна конекција, во која нема место за трети лица.

Во видеото ви откриваме некои интересни факти за љубовта на Бојан и Марија, некои нивни приватни доживувања и случувања кои порано не ги споделиле со јавноста.

Автор: Цеце Николова
Монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk