Точка ТВ: Епидемијата која се рашири низ светот пред половина век изби во Југославија: Вирусот го донел Ибрахим од Косово...

Точка

02/04/2021

15:29

1.450

Големина на фонт

а а а

Иако со години се смета за искоренета болест, вакцината против Вариола вера и натаму се произведува во светот.

Мал број на луѓе знаат дека епидемијата на големи или црни сипаници во Европа избила во поранешна Југославија. До почетокот на 19-ти век, секој 10-ти жител на Европа починал како последица на оваа болест која дури и „уништила“ и неколку кралски династии.

Болеста се манифестира со висока температура, а потоа и промена на кожата која преминува во пликови и красти, проследени со внатрешно крварење, откажување на органи и смрт.

Во Југославија биле заразени од 200 до 300 луѓе, а починале 40. Болеста во земјата ја донел Ибрахим Хоти од Косово кој се вратил од аџилак на Блискиот исток и пред својата смрт заразил 11 лица.



Откако болеста се проширила на 50-тина лица, југословенските здравствени власти ја утврдиле и дијагнозата, по што била прогласена епидемија. Луѓето носеле скафандери, заштитни маски, а било воведено и ограничување на движењето.

Единствениот доктор кој бил заштитен од оваа болест бил Зоран Радовановиќ кој две и пол години претходно примил „коктел-вакцина“ поради патување во Индија. Епидемиолошките мерки вклучувале и масовно вакцинирање на граѓаните, со што Југославија конечно ја победила болеста после два месеци.

Денес оваа болест се смета за искоренета, но се смета дека примероци се чуваат во американските и руските воени лаборатории.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk