Паки од 'Фчерашни' за Точка ТВ: „Првиот мој 'дејт' не може да се опише, тоа е трагедија, уствари траги-комедија“

Точка

09/04/2021

22:09

3.662

Големина на фонт

а а а

Павле Димковски Паки е нашиот овонеделен гостин. Позитивната енергија која Паки ја сподели со нас, ви ја пренесуваме преку видео интервјуто.

Паки на јавноста ѝ стана повеќе познат преку неговото учество во познатата сатирична емисија „Фчерашни Новости“, каде постојано има некои интересни улоги.

Меѓутоа, рап музиката е она што Димковски 'го држи во живот'. Паки е еден од 4-те рапери во групата „Зад аголот“, па неизбежно беше да му поставиме прашања поврзани со рапот.

Од раперот дознаваме дека може да се напише рап песна без псовки (дури и самиот има една таква), а нѝ открива и на кои македонски рапери би им симнал капа. Пред објективот на Точка изрецитира и стих од негова песна кој најмногу го опишува.

Павле вели дека секој четврток има анегдоти за јавноста од „Фчерашни Новости“, кои се случуваат позади камерите, но сепак успеа да издвои една која засекогаш ќе ја памети.

Дознајте и како поминал неговиот прв љубовен состанок, дали е среќен, која здодевна навика би ја променил кај себе, што ново да очекуваме од него...

Новинар: Цеце Николова
Камера и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk