Белфаст во пламен: Судирите ескалираат на два фронта

Точка

10/04/2021

12:59

1.359

Големина на фонт

а а а

Продолжуваат жестоките судири во Белфаст. Во текот на вчерашниот ден полицијата користеше водени топови против демонстрантите, а тие возвратија фрлајќи кон полицијата со разни предмети, при што запалија еден автомобил и го турнаа кон кордонот на полицијата.

Да потсетиме, немирите во Белфаст, кои што започнаа да се шират во Северна Ирска веќе траат две седмици. Повредени се повеќе од 74 припадници на полицијата, а засега нема точни информации колку има повредени демонстранти.

На смирување на ситуацијата повикуваат Борис Џонсон и останатите високи владини функционери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, но ситуацијата не се смирува.

Главен фактор кој доведува до експлозија на немирите е „Брегзит“ ситуацијата која постави граница на морето помеѓу Велика Британија и Северна Ирска, а тоа е нешто на што жестоко се противат тамошните лојалисти, односно про-британските групи.

Полицијата сега се соочува со два фронта. На северот на Белфаст во зоната Тајгер Беј се судираат со лојалистите, додека истовремено во квартот Њу Лоџ избиваат судири против националистите (про-ирските групи).




Спонзорирани линкови

Маркетинг