Кинезите го одобрија почетокот на тестирање на третата вакцина

Точка

10/04/2021

14:23

979

Големина на фонт

а а а

Кинеската фармацевтска компанија National Biotec Group (CNBG) доби дозвола од надлежните институции да започне со тестирање на својата вакцина на луѓе.

Во извештајот на британската новинска агенција „Ројтерс“, наведено е дека за производство на најновиот тип на вакцина на CNBG не се потребни производни погони со висок степен на биолошка заштита.

Ова значи дека оваа вакцина би била поедноставна кога станува збор за масовното производство.


Повеќе од десет вакцини на кинеските научници се кандидирани за различни нивоа на клинички испитувања, а неодамна „зелено светло“ доби вакцината на Институтот за микробиологија при Кинеската академија на науките.




Спонзорирани линкови

Маркетинг