Јаховиќ со хет-трик им донесе победа на Гезтепе

Макфакс

10/04/2021

16:06

768

Големина на фонт

а а а

Поранешниот македонски репрезентативец, Адис Јаховиќ, го предводеше Гезтепе до гостинска победа (3:2) во Хатај, над екипата на Хатајспор.

Јаховиќ, ги постигна сите голови за Гестепе. Најпрвин му овозможи предност на својот тим од 2:0, по првиот дел, а откако Диуф го намали резултатот во 64.минута, Јаховиќ во 78.минута го комплетираше хет-трикот, со што стави точка на победата на Гестепе. Диуф во 90.минута ги постави конечните 2:3.

Гезтепе, по 33 .кола во турската Суперлига, со 46 поени се наоѓа на деветтото место.



Спонзорирани линкови

Маркетинг