Прв тизер за електричниот Renault Megane

Точка

07/05/2021

22:15

7.898

Големина на фонт

а а а

Францускиот производител Renault прикажа неколку детали во врска со идното електрично издание на Megane.

Автомобилот со кој официјално треба да започне новата ера во богатата историја на француската компанија е пред вратите. Според француските медиуми премиерата ќе биде одржана во следните неколку седмици, а продажбата ќе започне во првиот квартал од идната година.


За почеток прикажан е задниот дел од автомобилот за кој може да се каже дека пристигнува без некои драстични промени. Најголемо внимание привлекува новото лого на Renault кое ќе го има своето деби токму на електричната верзија на Megane.


Францускиот производител објави и две фотографии од внатрешноста, која сосема очекувано е целосно дигитализирана. Пред возачот се наоѓаат два големи екрани, едниот како инструментална табла, а другиот е наменет за инфотејнмент системот.

Инаку, Megane ќе биде првиот модел на Renault кој ќе ја користи технологијата на Google.




Спонзорирани линкови

Маркетинг