Атентат врз министерот и генерал на Уганда, убиени неговата ќерка и возачот

Макфакс

01/06/2021

11:19

1.382

Големина на фонт

а а а

Две лица се убиени во обид за атентат врз генералот Катумбу Вамалу, поранешен командант на војската на Уганда, кој во моментов е министер за труд и транспорт, изјави денеска портпаролката на армијата, Флавија Биеквасо.

Вооружени лица утрово го нападнаа автомобилот на Вамалин со куршуми, убивајќи ја неговата ќерка која била во возилото со него, јави локалната телевизија Ен-би-си ТВ.

Портпаролката за „Ројтерс“ изјави дека Вамала е повреден во нападот и дека неговиот возач исто така е убиен.

Вамала бил итно пренесен во болница, пренесуваат локалните медиуми.