Ѕвездата на Јунајтед го испрати Пандев во пензија: Фудбалот никогаш нема да биде само игра

Дерби

22/06/2021

14:49

2.506

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев во текот на вчерашниот ден со средбата против Холандија во Амстердам стави крај на својата репрезентативна кариера.

Популарниот Гоче одлучи дека е време да стави крај на настапите за националниот тим и тоа по 20 години и 122 натпревари. Соиграчите на вистински начин го испочитуваа, направија шпалир кога го напушташе теренот на „Јохан Кројф Арена“, а и сите присутну му дадоа огромни аплаузи на напаѓачот на Џенова.

Ова видео стана вирално, допре до сите страни на светот, до многу луѓе, а еден од нив ѕвездата на Манчестер Јунајтед и Португалија, Бруно Фернандеш одлучи да го сподели и јасно да порача:

- Фудбалот никогаш нема да биде само игра, напиша Бруно Фернандеш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг