3 совети од Кама Сутра со кои интимниот однос станува незаборавно искуство

Точка

22/06/2021

18:13

17.140

Големина на фонт

а а а

Многумина Кама Сутра ја доживуваат како збирка на сексуални пози, но таа е многу повеќе од тоа.

Освен на сексот, древниот запис се фокусира и на односот меѓу љубовниците, но и на самата љубов.

Три совети со кои сексот ќе стане незаборавно искуство:

1. Предиграта е клучен дел од сексот


Според Кама Сутра нема добар секс без предигра која мора да биде темелно обработена. Притоа предиграта не е само физичка.

Според Кама Сутра и интимноста е предигра, а таа вклучува квалитетна комуникација и вербално искажување на љубовта. Авторите на текстот наведуваат дека важно е љубовниците на сите можни начини да докажат колку се сакаат, а во тоа имаат улога и допирите и зборовите.

2. Жената секогаш има предност кога станува збор за оргазмот

Познато е дека мажите полесно и побрзо доживуваат оргазам, додека на жените им е потребна малку поголема стимулација.

Поголем дел од мажите сега ќе помислат дека логично е тие први да доживеат оргазам, но Кама Сутра не се согласува со тоа.

Имено, во текстот пишува дека жените имаат предност, а доколку мажот инсистира на тоа, тоа значи дека ја разбира и цени својата партнерка.


3. Сексот треба да се цени

Според Кама Сутра целта на сексот не е само физичкото задоволство туку мора да се разгледува како нешто многу позначајно.

Сексот е пат до подобра комуникација, а колку што комуникацијата е подобра, толку и поврзаноста на љубовниците и нивното задоволство ќе бидат поголеми. Суштината на сексот е во довербата, отвореноста, грижата за партнерот, како физички така и емотивно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг