Жешка фотографија на Џеј Ло во бикини доби над милион допаѓања: Има тело на божица

Точка

31/07/2021

10:45

14.396

Големина на фонт

а а а

Славната актерка и пејачка поминува незаборавни денови на јахта со холивудскиот актер Бен Афлек.

Латино дивата Џенифер Лопез (52) го поминува летото во прегратките на Бен Афлек (48) од кој не се одвојува откако ја обновија љубовната романса по 17 години.

По незаборавната прослава на роденденот во Сен Тропе на луксузната јахта, па во Монако, одморот го продолжиле во Италија.

Откако за својот 52-ри роденден објави заедничка „Бенифер“ фотографија на Инстаграм, славната пејачка и актерка сега ги „запалила“ социјалните мрежи со фотографија во жолто бикини.

Поглед кон морето, извајана фигура и задоволна заљубена жена - доволно фотографијата со брзина на светлината да добие над милион лајкови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг