Откако изгореа две куќи, пожарот во Побожје ставен под контрола

Точка

10/08/2021

19:59

2.521

Големина на фонт

а а а

Пожарот во скопското село Побожје, општина Чучер Сандево е ставен под контрола.

Изгорени се две куќи, а на терен се уште е противпожарната бригада на Град Скопје.

На терен интервенираа четири возила на противпожните екипи од Скопје, кои како што информираше командирот Владимир Симоновски дошле од околината на ОКТА каде гаснеле друг пожар. 

„Пожарот во Побожје е ставен под контрола и се работи на расчистување на теренот, нашите екипи не дозволија тој да се прошири на соседните куќи“, рече Симоновски за Телма.

Сопственикот на опожарената куќа обвини дека пожарната ја чекал повеќе од еден час и потенцираше дека селото нема вода веќе пет дена.

Градоначалникот на општина Чучер Сандево, Јован Пејковски демантира дека во селото постојано нема вода. Според него причина е што селото е на високо, што мештаните енормно ја користат за своите насеви и што не го даваат другиот извор.